Меган ги скара Хари и Вилијам

Добивај вести на Viber

Последните месеци во светските медиуми, актуелни се кралските кавги, чија причина наводно е Меган Маркл. Првично се пишуваше дека за несогласувањата во англискиот кралски дворец проблем е односот помеѓу Меган и Кејт. Но, според новите пишувања на повеќе англиски медиуми, главните проблеми настанале помеѓу Меган и принцот Вилијам.

Снимката е објавена на еден Инстаграм фан профил, а настана додека кралското семејство одело на миса. На неа се гледа како Меган во еден миг се врти спрема Вилијам и му се обраќа, но тој ја игнорира и продолжува да го поправа својот шал. 

„Вилијам е чуден. Го поправа шалот токму кога Меган му се обраќа. Вилијам не сака да разговара со Меган, баш чудно ја погледна. Ми падна жал за кутрата Меган“, се дел од коментарите објавени на Инстаграм.

Британските таблоиди пренесоа вест дека поради Меган дошло до кавга помеѓу браќата, принцовите Хари и Вилијам. Хари наводно сметал дека Вилијам не и посакал добредојде на Меган во семејството.