Меган го откри полот на бебето и ги прекрши кралските правила

Добивај вести на Viber

Меган Маркл за време на забавата која минатата недела ја организираше во Њујорк, на своите пријателки им го откри полот на бебето кое треба да се роди во април.

Војвотката од Сасекс носи син, а тоа им го кажала на Серена Вилијамс, Амал Клуни и на другите свои пријателки на луксузното дарување за бебето кое го организираше на Апер Ист Сајд во Њујорк, пишува Дејли Мирор.

Со забавата која се одржала во луксузен хотел, Меган ги прекршила кралските правила според кои ваков настан не смее да се организира. И објавувањето на полот на бебето, според кралските правила е забрането. Наводно, летот со приватен авион од Лондон до Њујорк бил подарок од Амал Клуни. Меган и принцот Хари во моментов се во Мароко, по што таа ќе се повлече од јавноста со оглед на тоа дека е во осмиот месец од бременоста.