Меган и Хари прошетаа низ град со ќерката и синот: Вака вистински изгледаат кога не се пред камера
Меган Маркл и принцот Хари ретко се појавуваат во јавноста со нивните деца, ќерката Лилибет Дијана и синот Арчи Харисон.
По повод Ноќта на вештерките, тие прошетаа во Монтесито, каде што живеат веќе неколку години откако се преселија од Велика Британија. Фотографијата откри голем број интересни детали.
Многумина забележаа дека Арчи Харисон доста пораснал. Неговата сестра Лилибет беше во пресладок костим и во прегратките на нејзината мајка Меган Маркл. Принцот Хари носеше портокалова корпа - веројатно за малата Лили, додека синот на славната двојка го носеше овој ист детал.
Меган Маркл и принцот Хари кога не се пред камера изгледаат сосема лежерно, а тоа се одразува и во нивниот стил на облекување. Спортската елеганција изгледа им е омилена, а најсоодветна за оваа пригода.
Така овој познат пар ужива во својата „слобода“ која според нив толку многу им недостигала додека ги извршувале должностите на високи членови на британското кралско семејство. Рекоа дека им пречи јавното експонирање, а пред сѐ негативните коментари. Многумина веруваат дека со честите медиумски појавувања го докажуваат спротивното.
Извор: zena.blic.rs