Меган Маркл го обожава: 3 причини да го изберете нејзиниот парфем, чини 70 евра
Каков парфем сака Меган Маркл?
Како прво, не треба да биде нападен, но мора да
биде незаборавен. Не смее да ве задуши, но
треба да остави импресивен белег.
И секако, би било добро и да не беше премногу скап
- еве го омилениот парфем на војвотката од Сасекс, пишува Elle.
Британскиот бренд Џо Мелоун, именуван по неговиот
основач, е всушност релативно млад, постои од 1999 година, но по неколку години
постоење, направи бум и на британската и на светската сцена.
Можеби причината за тоа е што Џо, која инаку е
целосно дислексична, како што вели, својата работа ја засновала само на
„носот“, што и служи буквално „како компас“ во бизнисот. Во своето обемно мирисно царство, сега има избор од дури
143 различни парфеми.
Нејзиниот парфем наречен „154“ е особено
популарен - овој мирис со зачинети ноти е многу барана унисекс нота.
Сепак, еден од нејзините најпопуларни мириси, е омилениот мирис на Меган Маркл, наречен „Wild
Bluebell“, дизајниран во 2011 година.
Ова е мирис составен од ноти на бели цвеќиња, во
кои доминираат, во основа, каранфилите и белгиски сини ѕвончиња, а потоа
следуваат јасмин, крин и траги од бел килибар и мошус.
Ова е еден од оние мириси кои не оставаат трага
подолго време, но некако остануваат во умот и срцето на пријатен начин, тврдат
експертите.
Како што изјави Меган во едно интервју, парфемот е
нејзиниот омилен додаток и последниот детаљ на секој стајлинг, за кој смета
дека е важен личен печат.
Без него, не само што не ја напушта куќата, туку е
и во можност да се врати да стави парфем, доколку заборавила.
Цената на овој парфем е околу 70 евра, а интересно
е што - кога новинарите ја прашаа кој омилен моден детаљ ќе го земе на
венчавката - одговорот ѝ беше: „Wild Bluebell од Џо Мелоун“.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересирса:
Сите ги интересира: Принцот Хари откри што мисли за неговиот нов живот
(ГАЛЕРИЈА) 30 фотографии од избришаниот Инстаграм профил на Меган Маркл