Сите ги интересира: Принцот Хари откри што мисли за неговиот нов живот

Добивај вести на Viber

Принцот Хари учествуваше на виртуелен состанок по повод волонтерска акција. Имено, тој се приклучи на состанокот од неговата нова луксузна вила во Санта Барбара, каде неодамна започна да живее со сопругата Меган и синот Арчи.

Одговараше на бројни прашања, а сите особено беа заинтересирани како ќе одговори на прашањето - како му се чини новиот живот, без кралски должности.

Хари искрено одговори на сите прашања што му беа поставени, па беше искрен и по прашањето за деталите од неговиот „нов“ живот во Америка.

"Ќе одговорам на тоа прашање бидејќи е многу лесно. Обожавам сè. Фантастично е", рече тој.

Хари истакна дека Меган и неговиот син се најважни за него, а потоа и работата. Двајцата со Меган се дел од бројни волонтерски акции и нагласуваат дека сакат да го направат светот подобро место за секој.

извор:glossy.espreso.rs

-Конечно на своето: Меган Маркл после долго време се појави во краток шорц
-Ќе се изненадите како изгледа да се работи за Меган Маркл: Открива стилистот