Раскош вреден 14,5 милиони долари: Ѕирнете во каков луксуз ќе живеат Меган и Хари

Добивај вести на Viber

Новата куќа на поранешната кралска двојка е резиденција со девет спални соби и 16 купатила. Покрај тоа, има голем базен, комплетно опремена салата, спа, кино, библиотека, луксузна канцеларија и винарска визба, кујна, просторија за забава, тениско игралиште, гаража за 5 автомобили и голем двор.

Принцот Хари и Меган Маркл живееа неколку месеци во изнајмена вила во Лос Анџелес, а сега решиле конечно да се преселат - тие купиле луксузна вила од скоро 1.700 метри квадратни во населбата Монтесито во Калифорнија, на околу 140 километри од Лос Анџелес.

За оваа инвестиција издвоиле 14.640.000 долари, а нивни соседи ќе бидат Опра Винфри, Ел Деџенерис, Џорџ Лукас и други.

Погледнете како изгледа луксузот во кој ќе живеат Меган, Хари и синот Арчи:
извор:stil.kurir
фото:Profimedia