Актуелно // Insta вести
„Мене ако ме прашаш, не се троши, купи 1 роза“: Сања со скриена порака до Перо Антиќ за „Денот на вљубените“ (ФОТО)
- 14 Февруари, 2024
За љубовта на поранешниот кошаркар и претседател на КФМ Перо Антиќ и маркетинг менаџерката, која ја паметиме по детскиот хит „Ех, тој Тоше“ Сања Ристиќ, на големо се зборува низ чаршијата. Слатките пораки и фотографии кои си ги разменуваат често на социјалните мрежи сè уште еден доказ дека она што се случува меѓу нив е една убава љубовна приказна.
Токму затоа за „Денот на вљубените“ Сања му посвети порака на Перо која гласи:
Имај на ум дека отчукува часовникот кој не можеме да го видиме … Сакај го оној кој те сака и уживај во животот!
А исто така на шеговит начин му испрати скриена порака на Перо, се со цел да не се троши за „Денот на вљубените“.
Фото:Инстаграм