Животна училница // Приказни
Месечината вечерва е најголема и најсветла во 2019 година
- 19 Февруари, 2019
Полната месечина вечерва е најголема и најсветла во 2019 година. Се наоѓа на точка која е најблиску до Земјата, односно на околу 356.800 километри. Февруарската полна месечина традиционално е позната како „снежна или гладна месечина“ бидејќи можат да се видат најсилните снежни врнежи, а и затоа што доаѓа при крајот на зимата кога залихите на храна се при крај (поради тоа - гладна).
Следна таква појава (Топла месечина) ќе може да се види на 21 март, неколку часа по официјалниот почеток на пролетта. Делумно помрачување на месечината ќе биде видливо ноќта на 16 јули, но следното комплетно помрачување нема да се случи сѐ до 2021 година.