Места во автомобилот кои забораваме да ги чистиме: Домашни методи за дезинфекција

За да го заштитиме нашето здравје од КОВИД-19, се фокусираме на миење на рацете и дезинфекција на домот, заборавајќи дека автомобилот е исто така многу често место кое може да биде подложнона вируси и бактерии. Допираме многу површини во автомобилот и не сфаќаме како можат да нè заразат.

Кои се местата во нашиот автомобил што треба редовно да ги дезинфицираме?

Воланот
Треба да го чистите што е можно почесто со алкохол или други средства за дезинфекција. Дури и ако само вие го користите автомобилот.

Сите копчиња на контролната табла
Практично секоја површина што ја допирате може да биде заразена со различни микроорганизми. Сето ова мора да се дезинфицира со раствор од вода и хлор во сооднос 3: 1. Може да се користи и алкохол од најмалку 60%.

Рачна кочница

Тоа е исто така една од најчестите нешта во автомобилот која се допира при сопирање и паркирање.

Менувач
Рачката на менувачот постојано се допира, па затоа треба да се дезинфицира.

Внимателно исчистете го тапацирот
Седиштата во возилото исто така можат да бидат носители на патогени кои се пренесуваат преку валканата облека надвор. Можете да користите топла вода и сапун за да ја избришете ткаенината во автомобилот. Алкохолните средства се исто така погодни за дезинфекција на тапацирот, сè додека не го оштетуваат.

Вакумирајте ги вашите теписи
Темелно извакумирајте ги теписите во автомобилот и потоа испрскајте со спреј кој содржи силни средства за дезинфекција.

Дезинфицирајте ги клучевите
Клучевите ги допираме секогап кога го користиме автомобилот. Запомнете да ги избришете со  алкохол.