Дупла водка за малце ќе беше дупла жолта: Дарио ја откри приказната за хитот
Песната „Дупла водка“, еден од најголемите хитови на Дарио, првично требал да се вика „Дупла ‘жта“.
Песната која крие интересна приказна е оригинално снимена пред повеќе од две децении. Дарио е и автор на музиката, а стиховите се дело на Тоше Поп Симонов.
„ Имав напишано еден текст за оваа тема кој беше прилично социјален. Тоше ми го фрли листот и за два часа напиша нов со наслов „Дупла ‘жта“. Му реков дека нема шанси да ја пеам со таков наслов, не ми личи мене тоа. Два дена размислувавме. Виски некако не одеше, бидејќи во тоа време го пиеја само одредени луѓе и не сакавме да биде нешто надмено. Ж'та ми беше многу кафански и на крај ја одбравме идеалната комбинација. Вотка пие секој и ја има за сечиј вкус и џеб“, откри Дарио.
Кантавторот неодамна прослави 30 години брак со својата сопруга Бојана.
„ Во тоа време јас бев ѕвезда во подем, шатиран фраер, ништо не можеше да ме запре. Ме познаваа сите девојки во градот, но јас ја сакав Бојана, затоа што таа немаше поим дека сум музичар и не ме есапеше. Клучниот момент се случи во една прилика, кога заедно преминувавме улица. Ја фатив за рака и ѝ реков: Нема веќе пуштање.“, раскажа за Женски магазин Дарио.