МЕТЕОАЛАРМОТ ПОВТОРНО ВКЛУЧЕН: Пеколни три дена пред нас, топлотниот бран се врати

Добивај вести на Viber

Владата на барање на Министерството за здравство донесе препораки за новиот топлотен бран што се очекува да ја зафати државата во следните три дена по информациите добиени од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во препораките за намалување на ризиците од високите температури што ги усвои Владата на вчерашната седница се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години од 12 август 2024 до 14 август 2024 година.

Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Владата препорачува и во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Еединиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Подетално читајте на Фактор тука.