„Ми кажаа дека не е добро и да дојдам по неа“: Мајката на исчезнатата Лана (15) од Белград моли за помош - „Да сакаше да побегне немаше да ми се јави“
Лана Милошевиќ (15), девојка од Белград, исчезна на 7 февруари од Црвениот крст и оттогаш се води како исчезната. Вера Милошевиќ, неутешна мајка, за „Блиц“ вели дека е загрижена за својата ќерка, и дека досега не се случило да отиде некаде без да чуе со неа.
Како што раскажала нејзината мајка, Лана тоа попладне била на училиште и наставата и траела до 19 часот.
- Лана неодамна го загуби мобилниот, поради што во последно време ги користи телефоните на пријателите за комуникација. Таа вечер, додека бев на ноќна смена, таа ми се јави околу 22 часот. Потоа ми рече дека останала после училиште, но дека сега оди дома и ми рече да не се грижам. Изгледаше весело и среќно, немаше индикации дека нема да се врати дома – вели мајката Вера.
Напомнала и дека нејзината ќерка тогаш не би ѝ се јавила ако сакала да побегне од дома или ако нешто не е во ред.
- Еден час по тој повик ми се јави нејзината пријателка, од чиј телефон ми се јави Лана. Потоа ми рекоа дека Лана консумирала нешто и дека не се чувствува добро и веднаш да дојдам да ја земам бидејќи морале да си одат дома. Не знам дали е вистина дека нешто консумирала, така ми кажаа. Ги замолив да почекаат да дојдам, сепак родителите им се јавија и мораа да си одат дома – вели нашиот соговорник.
Како што вели, пријателите на Лана и кажале дека се разделиле со нејзината ќерка во близина на Црвениот крст.
- Веднаш влегов во автомобилот и се упатив таму. Ќерка ми ја немаше никаде, ја барав насекаде, но безуспешно. Ги повикав сите нејзини пријатели, никој не знаеше каде е – додава мајката.
Вера истакнува дека единствена важна работа за неа во моментов е да ја пронајде својата ќерка.
- Секоја помош е добредојдена, сè додека ја најдеме и се увериме дека е добро – заклучува мајката на исчезнатата Лана.
Мајката на Лана, Вера, ги замоли сите граѓани кои имаат некаква информација за неа да ја известат на телефонскиот број 0659184500 или во полиција.
Фото:screenshot