„Ми се смачи, тоа е работа која никој не ја цени“: Лепа Брена не сака да работи ништо по дома, затоа плаќа слуги
„Ми се смачи, тоа е работа која никој не ја цени“: Лепа Брена не сака да работи ништо по дома, затоа плаќа слуги
Музичката ѕвезда Лепа Брена со години живее со своето семејство во прекрасна вила на Бежанијска коса, а со нив живеат и жените кои се грижат за нејзиното домаќинство. Таа во една прилика во емисијата „Магазин ин“ и откри на Сања Маринковиќ дека воопшто не се занимава со домашни работи, туку дека тоа го прават жени кои се платени.
- Воопшто не се занимавам со домашни работи во смисла на чистење, готвење, перење, пеглање. Тоа го правев кога живеев во мал стан со семејството, односно со мајка ми. Моравме да правиме сè, да готвиме, да переме, да пегламе, да плетеме, да веземе гоблени … Кога имав 18, 19 години, многу ми смачи од тоа. Тоа е работа што никој не ја цени и никој не гледа дека е завршена, јас како мала решив кога и да заработам пари, да издвојам половина за да платам некој што ќе се занимава со тоа – изјави пејачката еднаш во емисијата „Магазин ин“.
Од друга страна, нејзиниот помал син Виктор не бега од домашните работи, а особено ужива во кујната, особено за време на празниците. Последен пат им се пофали на пријателите на социјалните мрежи дека знае да витка сарми.
Фото:Инстаграм