Миа Костова: Ова е претрауматично... Многу сум исплашена
Целиот свет е во шок откако 14 годишно момче изврши невиден масакар во училиште во Србија, лишувајќи од живот неколку соученици и еден чувар. Точната бројка на загинати се уште не е официјална бидејќи неколкумина се уште се во животна опасност.
Од досегашните информации, животот го загубија 8 ученици и едно возрасно лице. Постојано излегуваат нови информации како за целиот случај, така и за можните прични, што го натерало едно дете кое штотуку почнува да живее, да си го „заврши“ животот на еден ваков начин.
Сочувство, жал, тага, шок и неверување... Ниту македонците не се имуни на оваа трагедија, она што некогаш беше далеку од нас, сега полека станува дел од секојдневието. Меѓу пораките за сочувство, беа и јавните личности Калиопи, Каролина, Игор Џамвазов, Елена, Тамара... А се огласи и Миа Костова која покрај се е мајка која и тоа како се бори против врсничнко насилство меѓу младите. Својот став го искажа на Инстаграм профилот, каде објави и неколку видеа поврзани со целиот случај.
Сочувство до семејствата на загинатите. Се надеваме дека во иднина навистина ќе се најде начин како оваа трагедија никогаш да не се повтори.
Фото: MiaKostovaInstagram