Миа Костова: Заушката на татко ми кога ме бараше како дете, ми е подрага од апликациите врзани за Андрија денес и целиот страв што го имам додека стаса на училиште
Не еднаш или двапати, стопати напишала коментар за некој настан кој го потресол општествово и Македонијава, и речиси ретко да згрешела или да не била во право.
Миа Костова, направи една споредба на нејзиното детство и детството на нејзиниот син денес, алудирајќи на фактот колку нештата од тогаш до денес се ненормално сменети.
Нејзиниот статус на социјалните мрежи го пренесуваме целосно:
„95та година, не знам точно ама се градеше уште Соборен храм, имаше работа околу фонтаната која беше празна. Тоа беше мое маало. И така на свои 10 години рипнавме внатре и си игравме во фонтаната која беше дупка спремна за правење.
Се запалија светилки, поминало 22 часот, лето… немавме ни телефони а ни часовник на рака. Татко ми имаше свирка ко и сите татковци впрочем, па секој од нас ја препознаваше низ маало. Кога ќе свирне твојот тон, те викаат дома за нешто. Веројатно татко ми излегол на прозор свирел… ме нема. Свиреле сите татковци, од нас ни трага ни глас. Не им ни текнало на вадење органи и киднапирање туку се собрале пред зграда и тргнале да не бараат со идеја да не кренат на клоци дека ете, нѐ нема….
И така потрагата од 5-6 родители стасува до фонтана во која ние безгрижно играме.
Таа заушка ми е далеку подрага од сите апликации врзани за Андрија денес и целиот страв што го имам кога треба да стаса на училиште на 800 метри од дома.
Извини мама, сите згрешивме. Никогаш нема да разбереш колку подобро ми беше пред твоите ‘ливни, џојни и ме боли глава’ од компјутер.
И да, полесно ми е да е дома на компјутер зошто надвор е вонредна состојба. 2024.“ - напиша Миа на Фејсбук.