Мика Алексиќ имал посебна шифра за девојките кои ги злоупотребувал: Сексуалниот предатор ги терал да носат што пократки здолништа

Милена Радуловиќ, актерката која го обелодени скандалот во Србија доби огормна јавна поддршка по признанието дека во престижното училиште за глума во центарот на Белград, познатиот режисер Мика Алексиќ, повеќепати сексуално ја злоставувал кога имала само 17 години. 

Сега 26 годишната Милена Радуловиќ открива и дека сите девојки од неговото училиште морале да носат што е можно пократки здолништа, на негово барање, и дека требало да се грижат за изгледот на косата и ноктите.

Сексуалниот предатор, наводно, вршел незаконски сексуални дејства врз малолетници за време на часовите во просторијата покрај просторијата во која биле другите ученици.

Според извор на „Ало.рс“, Мика Алексиќ избирал само одредени девојки кои му биле привлечни и тие, како што наведува изворот, биле дел од „групата“.

-Овие девојки биле во иста актерска група, избрани така што тој можел да си ги задоволи неговите сексуални афинитети и нагони. Девојчињата не си кажувале едни на други што преживуваат затоа што се плашеле, но тие беа свесни дека името „група“ во која сите беа подразбира нешто повеќе од тоа дека само посетуваат училиште за глума, открива изворот на „Ало.рс“

 -Бев во училиштето на Алексиќ веќе шест години кога ме силуваше првпат. Имав 17 години.Тоа не се случи еднаш, се повтараше - вели Милена Радуловиќ.