Милано го крена на нозе: Симон Трпчевски со спектакуларен концерт - Mу дојде и неговиот школски, оперскиот пејач Нацовски
Македонскиот виртуоз на пијано, Симон Трпчески одржа концерт во Милано, Италија како дел од неговата турнеја.
По настапите во САД и Канада, Трпчевски се вртаи во Европа.
„Одлично враќање во Милано и Серате Музикали на Конзерваторио Верди, по некое време. Прекрасен прием и со нетрпение ја очекуваме следната сезона.Благодарност до италијанска публика и Македонците меѓу нив, вклучувајќи го и мојот школски другар и македонски културен амбасадор, оперскиот пејач Благој Нацоски“, напиша Трпески.
Признание за успешниот концерт на Трпчески, му оддаде и македонскиот
оперскиот пејач кој живее и работи во Италија, Благој Нацоски.
„Што да ви кажам, Симон, вечерва, со својот концерт, на нозе го крена Милано“, напиша Нацоски во својата објава на „Фејсбук“.
Пијанистот изминатиот период имаше концерти секаде во светот каде го промовираше проектот „Македонисимо“, каде првата македонска премиера ја имаше во родното село на неговиот татко, Збажди.
„Македонисимо“ претставува спој на македонската народна музика со џезот и класичната музика, сплет од 23 нумери, најмногу ора и по некоја песна. Музичкиот проект беше создаден во соработка со Трпчески и композиторот Панде Шахов, а го изведува со неговиот бенд составен од Александар Краповски (виолина), Александар Сомов (виолончело), Хидан Мамудов (кларинет, саксофон и кавал) и Влатко Нушев (удиралки).
„Македонисмо“ светската премиера ја имаше во Германија во 2017.
Фото: Фејсбук