Милионска сума: Бекамови потпишаа договор за серија на Нетфликс

Фотo:EPA-EFE/Julio Munoz

Реалното шоу, или телевизиското шоу, исклучиво ќе прикажува снимки од младоста на славната двојка, а фановите ќе имаат можност да видат моменти во кои Дејвид и ’се додворува на Викторија.

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга, дизајнерката Викторија Бекам, наводно потпишале договор вреден милион долари со стриминг сервисот Нетфликс. Според американските медиуми, планирано е реално шоу, кое ќе го следи животот на ова семејство. Нешто како реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“.

Викторија и Дејвид на тој начин ќе добијат шеснаесет милиони фунти, во замена за постојано следење од камерите на продуцентската компанија. Американските медиуми наведуваат дека Дејвид е во фокусот на новата серија.

Во серијата ќе зборуваат и неговите колеги од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид - Кристијано Роналдо, Рајан Гигс и други.