Мими и Филип Нуне заедно со синот уживаат во Австралија: Фотки како разгледници

Добивај вести на Viber

Младата и талентирана пејачка Мими Јовановска, како и нејзиниот бенд „Бендот на браќа Нуне“ од кој дел е и нејзиниот сопруг Филип.

Она што можеби многумина изненади е тоа што на ова далечно патување е и нивното синче, малиот Никола, на кој изгледа му годи шетањето со мама и тато.


Пејачката објави неколку фотки од Австралија, а тие се вистинска разгледница.


Времето таму го искористиле и да уживаат на плажа.


Го посетиле и подводниот аквариум во Сиднеј, кој е вистински спектакл.



Инаку „Бендот на браќата Нуне“ и Мими Јовановска за прв пат се на турнеја низ Австралија. Ова е прво искуство и за нив, но и за нашите иселеници таму кои ќе ја имаат привилегијата да ги слушнат во живо. А според најавите и според она што досега го имаат сработено, има и што да се слушне.

Таму се на покана на друштвото „Никола Карев“ од Мелбурн, друштво кое има традиција од половина век.  На турнејата, која ќе трае месец и половина планирани се девет концерти.


Првиот концерт се случи на 23 февруари во Волонгог, следниот ден во Сиднеј, на први март се во Квинбиен, за осми март во Мелбурн и на девети март во Џилонг. Во Мелбурн, како град во кој има најмногу Македонци планирани се уште два концерти и тоа на 15 и 16 март, а последниот концерт ќе се случи во Перт на 23 март.


Тие имаат сосема поразличен концепт на концерти, нивните настапи се во боја и подготвуваат музичко шоу кое ќе се памети. Ќе се пее и свири исклучиво македонски песни и ора, секако забавни и народни. Песни од нашата богата ризница што одамна не ги слушнале.


ФОТО: Инстаграм