Министерката Јагода Шахпаска во фустан кој ќе ја одбележи сезоната: За дами со стил
Фото насловна: Фејсбук/Официјален профил на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во јавноста се појавува најчесто облечена во елегантни панталони и сако, односно во класична облека.
По повод одбележувањето на почетокот на новата Швајцарска програма за соработка 2021-2024 година што се оддржа вчера во организација на Швајцарската амбасада, министерката носеше интересен и модерен фустан со цветен дезен.
Горниот дел од фустанот е на преклоп, со ракави кои се пошироки со слободен пад.
Овој модел на фустан е совршен за овие топли денови и одличен модел за дами кои сакаат да изгледаат елегантно и модерно.
Целокупниот изглед министерката го заокружила со елегантни салонки на висока потпетица во бежова боја и убаво средена коса.
Ретко ја гледаме во вакво идание, но ја охрабруваме почесто да носи фустани бидејќи навистина ја истакнуваат нејзината женственост, нежност и елеганција.
Фото: Фејсбук/Официјален профил на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска
Можеби ќе ве интересира:
Радмила Шеќеринска демонстрира елеганција во НАТО: Црно за отменост меѓу машкиот светМила Царовска во ист фустан пет пати: Ова е омиленото модно парче на министерката