Мислевме дека се лекува, тие ми го убија детето: Потресно сведоштво на мајка чија ќерка починала на Онкологија!

Добивај вести на Viber

Случајот на Онкологија ја разбранува јавноста. На Фејсбук се споделуваат разни сведоштва и ставови на граѓаните, кои се згрозени од тоа што се случувало на клиниката.

Сега, се споделува статус на Дејана Новаковиќ, чија ќерка починала на клиниката од канцер.

„Пред две и пол години ќерка ми се лекуваше на клиниката за онкологија. Мислевме дека се лекува, они ми го убија детето. Од лесно излечив тип на канцер, они со „терапијата“ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како се што се заташкува во скапаната држава! Ќе активирам се што е во моја моќ и ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите! Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен!

Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого го убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!“, напиша таа.


И сестрата на починатата Ана, сподели детали:

„Пред две години, сестра ми Ана која боледуваше од многу редок тип на канцер сакаше да напише писмо до докторите и сестрите на онкологија и да им се заблагодари на, ако воопшто може да се нарече, “убавиот” третман која таа го доби од нив во последните месеци од нејзиниот живот. Ги гледаше како херои, им се восхитуваше на хуманоста и да можеше да им ја даде и малку онаа сила која беше останата во неа, ќе им ја дадеше во знак на почит за се она што тие го пожртвуваа за пациентите во времето на Ковид пандемијата додека и самата таа се лечеше од рак.

Ана се разболе во ноември 2020та година, а почина во април наредната година на нејзини 30 години.

Ана почина во страшна агонија, а јас и мојата фамилија еве веќе две години се учиме како се живее со пола душа и срце и се помиривме дека навистина спас немало за ѓаволот со кој се боревме.

Денес, после две години мајка ми ми го праќа линкот за случајот Онкологија каде се вели дека лековите кои биле наменети за пациентите од рак се продавале на црн пазар во Косово а во замена тие добивале обичен физиолошки раствор.

Епа јас писмо нема да Ви напишам, ами животот ќе ви го посветам за секоја клетка да ви ја отрујам, животињи крволочни!!!!

Искрено сочувство до секој оној кој за жал сеуште не најде начин да избега од оваа краста од држава!“