Мистеријата – прецртано име: Се појави информација зашто детето кое пукаше, отстранило едно име од списокот

Добивај вести на Viber

Вчера околу 8 часот и 40 минути се случи страшен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога малолетниот Коста.К со два пиштола уби девет лица, а седуммина тешко ранил.

Тој се водел по список кој го подготвил, а на кој јасно се гледа по кој редослед ќе бидат ликвидирани жртвите. Како што е наведено, Коста долго време го подготвувал убиствотот, и никој, за жал, тоа не го забележал.

Но, она што на сите им падна во очи е тоа што едно име од списокот е прецртано, а се наведува дека Коста во последно време се зближил со тоа дете.

 Началникот на полициската управа за град Белград, Веселин Милиќ во живо се обрати до Владата на Србија во врска со пукањето, во кое потенцираше дека сите се неми пред оваа трагедија.

- Ние сме неми пред оваа трагедија. На 3.5 во 8.42 часот. ни се јави непознато лице кое се претстави како Коста.К и рече дека пукал во неколку лица во основното училиште „Владислав Рибникар“. Во оваа прилика беа убиени 8 ученици, 7 девојчиња и едно момче. При пристигнувањето во училиштето, припадниците на МУП го лишиле од слобода детето кое пукало. Тој го планирал ова долго време. Денешниот датум го избра затоа што училницата по историја била во близина на излезот од училиштето. Во чантата имал и четири молотови коктели, а од ранецот го застрелал чуварот веднаш по доаѓањето на училиште. Од вратата на училницата пукал во учителката, а потоа и во учениците. По масакрот излегува надвор и пука во останатите. Самиот призна дека го планирал ова, а имаме список со деца кои планирал да ги ликвидира. Тој разработил план за влез и излез од училиштето и поставил приоритетни цели. - изјави Милиќ.

Да потсетиме, Коста, веднаш бил уапсен во училишниот двор и бил изваден со лисици и јакна преку глава, а при приведувањето во полиција го кажал следното:

- Пукав, затоа што сум психопат.