Мит или вистина: Најстарите деца се лидери, а најмладите се најразмазени?

Добивај вести на Viber

Колку пати сте слушнале дека најстарите деца се омилени во семејството, дека најмладите се наjразмазени или дека средните патат за внимание? Откриваме дали постојат вистини во овие тврдења.

Секое дете има посебна улога во семејството, а некои студии покажале дека редоследот на раѓање влијае врз развојот на одредени карактеристики кај децата. Ова е особено изразено кога разликата меѓу децата во семејството е помала од четири години и кога се од ист пол. Двајцата родители го менуваат својот пристап кон воспитувањето затоа што гледаат дека некоја образовна мерка била ефикасна за едно дете, додека кај другото не функционирала.

Николина Милосављевиќ, психолог и советник за родители, открива како редоследот на раѓање влијае врз децата и нивниот карактер и дали навистина најстарите деца се миленици на семејството и природни лидери.


Најстарите се лидери

Најчесто првородените деца имаат погрешно внатрешно уверување дека треба да бидат најдобри за да бидат важни за семејството. Ова се манифестира на различни начини во нивното однесување. На пример, тие честопати се обидуваат да ја направат домашната задача што е можно поскоро, дури и не толку добро, но само за да бидат први.

- Меѓутоа, некои деца кои припаѓаат на првородените може премногу долго да ја пишуваат домашната задача за да биде совршено завршена. Дури и одредени психолошки студии покажаа дека овие деца се родени лидери, перфекционисти и одговорни луѓе - открива Милосављевиќ.

Од најстарите деца, родителите имаат највисоки очекувања, бидејќи целото внимание се фокусира исклучиво на нив, што доведува до развој на самокритичност кај првородените. Од гледна точка на здравјето, некои студии покажаа дека овие деца се со поголема веројатност да се разболат, бидејќи нивните родители ги чуваат под стаклено ѕвоно.


Средните се миротворци

Кога станува збор за средните деца, тешко е да се извлечат некои посебни сличности, бидејќи средното дете може да биде и второ, трето или четврто.

- Ако зборуваме за семејство со три деца, средното дете се стега во средината. Ниту ги има привилегиите на најстарите, ниту пак е мазено и чувано како најмладото. Поради ова, овие деца може да развијат погрешно верување дека тие мора да бидат различни по секоја цена за да привлечат внимание кон себе - вели Милосављевиќ.

Меѓутоа, во однос на постарите браќа и сестри, тие се полиберални, порелаксирани и имаат побогат социјален живот, бидејќи трпат помал притисок од семејството. За децата од средна возраст, важи дека се типични медијатори и миротворци, исто така, можат добро да слушаат и да преговараат. Тие често имаат многу тајни и се чувствуваат малку осамени и изолирани во сопственото семејство, па често бараат друштво надвор од домот.


Најмладите се најразмазени

Ова не е предрасуда, но најчесто е точно, бидејќи за најмладите деца во семејството не се грижат само нивните родители, туку и постарите браќа и сестри. Мајките и татковците се многу поблаги со нив отколку што биле со првото и средното дете.

- Тие често развиваат погрешно верување дека треба да го користат нивниот шарм за да им помагаат на другите во многу области и очекуваат посебен третман од сите лица во животната средина. Исто така, кога ќе се сретнат со своите први разочарувања во животот или ако не го добијат она што го сакаат, го гледаат целиот свет како неправеден и нефер само кон нив - објаснува психологот.


За близнаците е најдобро кога се заедно

Целиот живот на близнаците го краси екстремна блискост. Врската меѓу нив е длабока и силна и тие си се едни на други, најголема поддршка. Како и сите деца во семејството, близнаците можат во еден момент да се сретнат со криза на идентитетот и проблем со независноста.

- Развојот на индивидуалните карактеристики на личноста и однесувањето кај децата има големо влијание врз атмосферата во куќата. Ако членовите на семејството внимателно се слушаат и ги почитуваат ставовите на другите за погледот на светот, нема да има ривалство меѓу децата, или барем ќе биде помалку присутно, открива Милосављевиќ.



Извор: www.detinjarije.com