Млада мајка нормално заспала и повеќе не се разбудила: Со месеци ги имала овие симптоми, но никој не ѝ обрнувал внимание
Сакала да направи и ехокардиограм кога нејзината ќерка имала шест недели, но лекарите никогаш не ја испратиле. Кога отишла на лекар сите велеле дека сѐ е во ред, дури и таа вечер била добро
Кејтлин Фолдер (20) од Хал, Велика Британија, ненадејно починала во сон во нејзиниот дом, а нејзиното безживотно тело го пронашол нејзиниот татко во неделата наутро.
Младата мајка, која се породила пред пет месеци, ненадејно починала, а како што пренесува Мирор, се сомневаат дека се работи за срцев удар.
Нејзината помлада сестра, 19-годишната Шарлот Фолдер, изјави дека семејството и пријателите се многу тажни поради оваа загуба, а нивните срца се скршени затоа што „таа зад себе оставила петмесечно бебе“.
Сестрата изјавила дека Кејтлин во последно време се жалела на „болка во срцето“, но дека не размислувала премногу за тоа бидејќи била посветена на организирање на Божиќ и Нова Година.
– Кога беше бремена имаше ЕКГ, кое покажа одредени отстапувања, но не мислеа дека тоа е причина за претерана загриженост – рекла Шарлот.
- Сакаше да направи ехо на срцето кога нејзината ќерка имаше шест недели, но лекарите никогаш не ја испратија. Кога отиде на лекар сите велеа дека сѐ е во ред, дури и таа вечер беше добро - рекла сестрата.
Таа истакна дека нејзината сестра го сакала Божиќ и дека веќе ги спакувала сите подароци за членовите на семејството, но за жал не го дочекала.
Во неделата наутро таткото ја пронашол Кејтлин мртва во нејзиниот кревет додека се обидувал да ја разбуди додека нејзината ќерка Попи неутешно плачела.
- Викаше „Кејтлин, Попи плаче, разбуди се“, сепак таа не го слушна, ја нашол мртва во кревет. Веднаш повикал брза помош и се обиделе да ја реанимираат, но кога стигнале можеле само да констатираат смрт. Ни кажаа дека се сомневаат дека сестра ми имала срцев удар – објаснила Шарлот.
Семејството отвори страница GoFundMe за да собере средства за погребни аранжмани.