„Млада за бастун стара за на шипка таман за сукало во кујна“: Снеже Велков со мудри мисли за својот роденден

Добивај вести на Viber

Водителката Снеже Велков наполни 42 години. Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи во бе стајлинг препознатлив за неа, и напиша неколку мудрости како што таа ги нарече за нејзините години.

„Уште млада за пензионирање троа стара за глупирње. Таман за ресетирање и од насобрани ствари зачистување. Уште млада за апаратче за притисок ама таман за апарат за кафе.Млада за бастун стара за на шипка таман за сукало во кујна.Млада за на бања, стара за во када таман за на море. Млада за пеги стара за акни таман за целулит.Млада за појас за кичма, стара за минич- таман за одело.Млада за на физикална стара за во игротека таман за на точак.Млада за старачки екскурзии стара за диско таман за на концерт. Млада за јавување кај Роберт на утрунска стара за на „Дајте музика“ таман за на „Нешто Конкретно“. Млада да заборавам неправдини,стара да памтам глупости таман да уживам во убавини.Млада да не дослушувам, стара да избувнувам таман да терам све у пи*ку матер. 42 Машла“, напиша Снеже.

Инаку водителката сподели неколку нинстаграм приказни од блиски пријатели и колеги, кои и честитаа роденден. Помеѓу нив и фотографии од гостите кои биле дел од нејзината емсиија „Нешто конкретно“.

Фото: Инстаграм