Животна училница // Приказни
Млади туристи нашле 7000 евра во Грција : Што направиле?
- 03 Октомври, 2018
Едвард Гибсон (24) и Џесика Френк (22) се британска двојка која стана вистински хит во Крит.
Тие биле на одмор во Грција, каде случајно нашле торба на улица. Во торбата имало околу 7 000 евра. Веднаш ја однеле во полиција, и таа е вратена на сопствениците. Жената која е сопственичка на парите ја изгубила торбата на пат кон банката.
Едвард и Џесика станале вистински херои на островот и од мештаните добивале бесплатно возење со такси, како и да останат подолго во хотелот бесплатено.