Младите во Македонија ем невработени, ем не бараат работа
„Огромна е бројката и тоа укажува на една општествена апатија. Овде трудот не се вреднува како што треба. Има голем дисбаланс меѓу цената на трудот и сопственоста. Јас гледам и меѓу учениците дека никој не сака да остане тука, да сака да се вработи за 200 евра. Не, секој сака да избега од овде. Луѓето се пресметуваат, и подобро им е да земаат социјална помош, отколку да работат за мала плата. Тоа е еден паразитски начин на живот, и тоа трае одамна“ – вели професорката по социологија, Татјана Филиповска од Гимназијата „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка вели дека ова е голема бројка на неактивни луѓе за мала земја како нашата.
Со години бројот на неактивни лица бил поголем од бројот на вработени и невработени, ако се земат в предвид одвоено, со исклучок на лани. Во 2017 година регистрирани се 740 648 вработени и 725 723 неактивни лица.
Повеќе на Фактор.мк