Младоженец чувал тајна цела година, па ги расплака сите: Сè раскажа на денот на свадбата, невестата и нејзините родители беа во „шок“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Младоженец наздравил на својата свадба по што ги расплака сите гости.

Младоженецот Бен Карпетер одржа незаборавен говор на својата свадба кој ги расплака сите, вклучително и неговата јужнокорејска невеста.

- Од сопругата чував голема тајна една година. Се погрижив да не ги забележи видео повиците кои траеја половина час, го вртев екранот на мобилниот од неа и носев слушалки во кревет“, напиша Бен под видео што го сподели на Инстаграм, во кое открил дека тајно учел корејски изминатава година со цел да ги изненади невестата и нејзиното семејство на свадбата и да им покаже почит.

Младоженецот зборувал на корејски и им се заблагодарил на родителите на невестата бидејќи преубаво го дочекале во семејството, воедно и што воспитале таква неверојатна жена. Кога завршил со говорот сите плачеле, а родителите на невестата станале и го гушнале.

Невестата не ја тргна насмевката од лицето, а подоцна на социјалните мрежи напиша: „Ја сакам нашата љубов, не ми се верува дека ќе ја делиме до крајот на животот. Секој ден со тебе е како сон. "

Фото:screenshot