Млеко – секое утро и вечер за добро здравје

Добивај вести на Viber

Извор на калциум, протеини, сурутка, витамини, со својот состав млекото дава многу причини зошто да биде дел од секојдневната исхрана на децата но и на возрасните. Голем дел од состојките во млекото се неопходни за непречен процес на раст, развој и одржување на организмот во здрава форма.

Toa може да биде најкомплетна и најквалитетна секојдневна исхрана за луѓето. Освен протеини, минерали, содржи уште и многу вредни и неопходни масти, шеќери, витамини и во таква форма што телото може да ги искористи брзо и на најлесен можен начин. Затоа, не ретко млекото претставува важен фактор во исхраната на старите лица, болните и оние кои се опоравуваат од некоја болест.

Неспорен е фактот дека млекото е најдобар извор на калциум, којшто е суштински заосификација на коските и формирање на забите, заедно со витаминот Д. Млекото и млечните производи, како снабдувачи со овие важни состојки, се неопходни за раст на децата, спречување на спонтани фрактури на коските кај постарите лица и за брзо и правилно заздравување на коските по фрактури. Исто така, соодносот со фосфорот во млекото, овозможува висок процент искористеност на оваа состојка. Затоа ниту една друга храна, дури и со поголема содржина на калциум, не го снабдува организмот полесно и повеќе со овој минерал.

Млекото е главниот извор на протеини со целосна биолошка вредност и оттаму произлегува неговата нутритивна и заштитна карактеристика. Протеините од млекото ги содржат сите потребни аминокиселини кои човекот не може да ги создаде во своето тело, туку ги внесува заедно со храната, а кои се потребни за раст, развој и регенерација на ткивата. Нивната искористеност во човечкото тело оди до 95 отсто. Така, чаша млеко наутро и навечер пред спиење обезбедува околу 32 проценти од дневната доза протеини кои го градат и обновуваат мускулното ткиво.

Освен составот директно насочен кон поттикнување на здравите процеси во организмот, има млека кои се дополнително збогатени со витамини и минерали, како што е Битолското млеко со 10 витамини. Додадените витамини А, Е, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12, Д3, се избрани според нивната неопходност во потребното дневно внесување во организмот а посебно витаминот Д3 којшто помага за максимална апсорпција на калциумот од млекото.

ПР објава