МНОГУ ЛИЧАТ: Оваа жена ја нарекуваат двојничка на Трамп
Жена од шпанската покраина Галиција стана интернет ѕвезда, а нејзина фотографија стана многу популарна на социјалните мрежи затоа што таа личи на американскиот претседател, Доналд Трамп.
Работејќи на текст за заштита на земјиштата од бури, новинарка разговарала со една жена која работи во тој регион, а потоа ја фотографирала и оваа фотографија ја објавила на Instagram.
Фотографијата со рекордна брзина почна да се споделува на социјалните мрежи, поради неверојатната сличност на Долорес Леис Антело со Трамп.
Долорес е родена во 1954 година и е десетина години помлада од американскиот претседател. За својата неочекувана слава дознала од својот внук, бидејќи таа не користи ниту компјутер, ниту мобилен телефон.
„Се чини дека мојата фотографија успеала да стигне многу далеку. Мислам дека е целото тоа поради мојата коса“- изјавила жената за локалните медиуми.
Реакциите на корисниците на социјалните мрежи за фотографијата, најмногу се шеги на сметка на Трамп, па така некои корисници пишуваа дека попрво би гласале за Долорес отколку за Трамп, или дека нејзината фризура е подобра и слични твитови на сметка на претседателот.