Многу луѓе ќе ти најдат мана затоа што потајно го посакуваат истото, но можеби не успеале: Спенџарска искрено до срж
Јелена Спенџарска е една од најпознатите водителки, која често пати преку социјалните мрежи искажува интересни случувања од нејзиниот живот, споделува лични искуства и примери кои ѝ помогнале на патот кон кој се стреми.
Таа е среќно вљубена, го најде партнерот кој неочекувано ѝ влета во живот, и живее по сопствени правила и принципи.,
Утрово, од Солун, нејзиниот втор град на живеење испрати една интересна порака, која ја споделуваме со вас.
„Животот во секоја смисла е поедноставен кога си во внатрешен мир !
Ова не знам како да го објаснам со зборови кога многу луѓе ме прашуваат како се справувам во одредени позитивни/негативни ситуации или големи/мали животни промени ? Или најчестото, поврзано со мојот живот во Солун, каков е сега мојот живот таму?
Прво, тоа многу зависи и од твојот карактер, што имаш во себе и што очекуваш да најдеш и видиш надвор од себе. Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир. Многу луѓе ќе ти најдат и на тебе мана затоа што потајно го посакуваат истото, но можеби не успеале, можеби некој ги убедил дека не се доволно добри за тоа, а можеби и никогаш не собрале храброст да се обидат,па затоа егото се брани и не им дозволува да го признаат сопствениот пораз. Многу е едноставно - нашиот наворешен свет е СЕКОГАШ во склад со внатрешниот.
Ова, во мојот случај, во ситуација каде се ти е ново, не познаваш никој, не зборуваш ист јазик, беше голем предизвик, но и тест. Која личност бираш да бидеш ти во непознатиот свет? За мене Грција, за тебе било кое место каде што си сега, а не ти е родно ! Да, има море, сонце, одлична храна, одлични услови, ама можностите, опциите, отворените или затворени врати, луѓето со кои комуницираш, начинот на кој ги доживуваш сите секојдневни искуства зависат само и само од тоа како ди 'програмиран' ментално (внатре) да гледаш на нив (надвор). Многу луѓе мислат дека обратно, а НЕ Е ! ОК,Јелена, кога ќе го најдам мажот на мојот живот, тогаш ќе бидам среќна! Или, кога ќе си ја видам full сметката во банка, е тогаш супер ќе ми биде.
ПОГРЕШНО !!
ОБРАТНО Е !!
Прво е внатрешното чувство на мир, задоволство и благодарност на се она што го имаме во овој момент иако не е токму тоа кое сме си го посакале. Баш тој недостиг за нијанса повеќе ни покажува колку многу е голема нашата желба.
Без разлика каде и да одиш во светот, низ каква и ситуација да поминуваш во овој момент, НАЧИНОТ НА КОЈ СЕ РЕАГИРАШ кон тоа што се случува е КЛУЧОТ !! Или бираш да бидеш жртвата и тивко посматраш од публиката или одлучуваш да бидеш главната улога, се качуваш на сцената и ја создаваш претставата- твојот сопствен живот !!
Само од ТЕБЕ зависи ! “ - напиша Спенџарска на Инстаграм.
Фото: Инстаграм принтскрин