Многу ми фалиш мамче: Лидија Кочовска неутешна за мајка си

Добивај вести на Viber

Кога ќе ни почине некој близок со него заминува и дел од нас. Останува голема празнина која никој и ништо не може да ја надополни посебно кога ќе останеме без таа што ни дала живот. Мајката.

Голема е празнината и во душата на пејачката Лидија Кочовска по загубата на нејзината мајка.

Таа преку социјалните мрежи често знае да сподели фотографии и да искаже емоции за тоа колку многу ѝ недостига мајка ѝ Невена.

„Многу ми фалиш мамче“ - напиша пејачката на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Lidija Kocovska  (@lidijamagnifico)


Невена Кочовска долги години од животот помина на сцената како дел од ансамблот „Мањифико“, а поради нејзиниот глас многумина ја засакаа мексиканската и шпанската народна музика и шпанскиот јазик. 

Нејзината големина е рамна на легенда, таа  беше дел од легендарниот ансамбл  „Мањифико”, настапуваше пред Тито и Јованка Броз, направија 42 хуманитарни концерти за Скопје по земјотресот...

Невена боледуваше од Алцхајмер, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање. Карактерот на болеста полека го уништува не само болниот, туку и неговото семејство. Првите симптоми на деменција нивната мајка ги добила пред пет години, а од неодамна состојба е многу влошена. 

Нејзините две ќерки, сестрите Лидија и Тања Кочовски неодамна за Женски магазин зборуваа колку име тешко кога не го препознава татко им Панче или кога ќе ги заборави нивните имиња, но велат, мајчинскиот инстикт кај неа е многу голем и во ваква состојба и таа никогаш не заборава дека тие и се ќерки.

Невена и Панче Кочовски беа дел од легендарниот ансамбл  „Мањифико”, кој стана свестки популарен, со обработките на латино-американските песни. Свиреа пред Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот. Постарите генерации ги паметат како хуманитарци, кои направиле 42 концерти за настраданото Скопје во земјотресот во 1963 година.


ФОТО: facebook/tanjakocovska / instagram/lidijamagnifico