Модна ревија со празничен гламур во Ист Гејт Мол

Добивај вести на Viber

Вчера (16.12.2021) во склоп на Модната Авенија во Ист Гејт Мол, се оддржа несекојдневна модна ревија во празнично издание.

На црвениот тепих внимателно се следеа модните комбинации, како стилски микс од гламурозни парчиња облека, обувки, накит и дополнителни аксесоари од голем број брендови, достапни во продавниците во Ист Гејт Мол, како Gabbiacci, Giotelli, Kiğılı, Liu Jo, Patrizia Pepe, Twinset, Versace Jeans Couture, А|X Armani Exchange, Mango, Dan John, Miss Sixty, Just Cavalli, Balmain, Bella, Sigma, Dioptra Optics, Samsonite, Parfois, Mohito, Linea, La Modella, Karl Lagerfeld, Red Valentino, Hugo Boss, Orsay, Mond, Zen Diamond, Rebecca, и многу други.

Модните комбинации беа вистински движечки празничен декор, кои што му дадоа уникатен шарм на настанот. Истите воедно беа и инспирација за присутните за нови и оригинални идеи за како да се збогати и освежи личниот моден стил за време на празниците или пак што може да ги исполни спакуваните кутии со подароци под елката оваа сезона.

Гостите имаа единствена шанса да уживаат и да ја разгледаат и специјалната селекција на изложени модни парчиња од брендовите bWatch, Bark, Duki Daso, Zen Diamond, Mond, Armani, Orsay, XYZ и други, а Лазар Винарија, Fabu Spot, Giotelli, Duki Daso и Vichy приредија изненадување за секој гостин на ревијата.

Трговскиот центар за овој викенд најавува богата новогодишна програма, во која на 18.12.2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот на 1 кат до празничната Верверичка, започнува детска програма со магионичарски трикови, а во која ќе настапат и дечињата од детскиот фестивал „Поточиња“ заедно со познатата маскота Поки, а свои настапи ќе имаат и трите танцови студија Eat the Beat, Аqua Dance Club и Еурека. На настанот најмалите посетители ќе ги очекува вистинско музичко изненадување и празнични подароци, а по завршување на истиот присутните дечиња ќе имаат можност да се упатат кон боење на лампиони и китење на елка во Entertainer/ELC.

Во 16:00 часот истиот ден, програмата продолжува со настан во организација на Europe House во склоп на изложбата „Изгледаш прекрасно денес“.

Во недела (19.12.2021), се очекува настапот на Полифонија (детски хор) со почеток во 12:00 часот, а во 14:00 часот започнува ексклузивниот „Unveiling THE BMW iXMas Surprise“ настан во Ист Гејт Мол.

На 23.12.2021 (четврток), ќе бидат претставени голем број на празнични вкусови и рецепти на настанот „Christmas Cooking with Branko by Vitaminka & East Gate Mall“, со почеток во 17:00 часот.

Сите вљубеници на добра храна и вино од 23.-25.12.2021 ќе можат да бидат дел и од „Wine & Dine Фестивал“, а на 24.12.2021 се очекува и „White Night Shopping“ за сите фанови на добриот шопинг.

Посетителите исто така ќе имаат можност да се информираат за голем број светски дестинации на „Регионалниот Саем за туризам“, кој што ќе трае од 17.-18.12.2021, а љубителите на пишаниот збор ќе можат да уживаат во Саемот на Книга од 27.-31.12.2021 во Ист Гејт Мол.

Ти си центар.