Моите килограми си се мои: Спасе Ролла до Болла распали по хејтерите

Добивај вести на Viber

Најпознатиот метео презентер кај нас Спасе Јовановски кој многумина го знаат како Спасе Ролла до Болла е прилично активен и на социјалните платформи.

Тој стои зад профилот, односно го уредува, на најпознатата ТВ водителка Лила.

Во слободното време, Спасе често знае да се дружи онлајн со неговите следбеници и да им одговара на нивните прашања.

Така беше и овој пат, кога им возврати на оние кои го хејтаат за неговата тежина и колиграми.

На прашањето дали се откажал од посебниот режим на кој го ставила Лила, Спасе одговори вака:

Не знам дали ви е интересно да се фаќате за моите килограми, ама мои се!

Јас ги носам и на крајот на краиштата , можда и не сакам да ослабам.

Дали тоа е грев, дали му пречи на некој, ако му пречи јас немам ништо со тоа.

Што треба да направам, да исечам желудник, да се боцкам со оземпик за утре да ми кажете леле ама ослабел да не е болен.


Мора да оставам за нешто да ми се фатите“ - ја заврши реченицата Спасе.


ФОТО: Инстаграм

Сум посетил над 100 хотели: Со Спасе Јовановски за патувањата

„Засекогаш да ми бидеш среќна моја Ларичка“: Спасе „Рола до бола“ ја покажа внуката и сестрата (ФОТО)