МОЈОТ ДОМ
Едно небо. Една галаксија. Една куќарка. Една соба. Една улица. Една приказна. Едни очи. Една насмевка. Еден двор. Еден град. Една држава. Едно срце. Една викендичка, еден здив, или што било. Различни домови, различни имиња. А мојот дом е твоето
МОЈОТ ДОМ
Ти си мојата замисла за љубов откако знам за себе.
И сега те наоѓам. И никогаш толку не сум љубел.
И ти си мојот дом.
И јас мојот дом го плаќам сега.
И со прегратки. И со солзи. Со гревови. Со грешки.
Со камата.
Откако ја доживувам среќата, ја плукам од себе.
И потоа повторно се враќам кај тебе,
затоа што ти си мојот дом.
И кога ни се поврзуваат срцата преку погледи,
јас знам дека мојот дом е кај тебе,
и дека уште ќе плаќам ако е потребно.
И знам дека овој мој дом е зло,
но ти си таму и тоа е се` што некогаш сум сакал.
Па, велам, ќе плаќам ако треба.
И тука, и на другиот свет.
И ти си премија.
Ти си среќната коцка која во рака ја вртев со години.
Конечно ја пуштив и се погодија бројките.
Јас ќе те чувам и ќе те паметам.
Јас си го должам тоа на самиот себе.
И нема да лажам ако уште сега ти кажам дека
можеш да ми го земеш срцево,
затоа што и така е твое.
Не знам зошто уште ми седи во градиве,
кога секоја ноќ во твојот дом ти преспива во градите.
Дојди сега, послушај ме.
Фати си го најбрзото такси и дојди во мојата туѓина.
Донеси го твојот дом и да ти го дадам срцево.
А тебе пак, нема да ти биде јасно, нели?
Ќе ти го дадам срцево во раце и ќе се прашуваш
зошто воопшто е во твои раце?
Вака. Ќе чекам да помине еден цел животен век,
да сфатиш дека само мене си ми цело мое небо
и се` што човек може да замисли како дом.
Едно небо. Една галаксија. Една куќарка. Една соба.
Една улица. Една приказна. Едни очи. Една насмевка.
Еден двор. Еден град. Една држава. Едно срце.
Една викендичка, еден здив, или што било.
Различни домови, различни имиња.
А мојот дом е твоето име.
И затоа ти велам, земи ми го срцето,
затоа што веќе во твоето срце, моето е.
Без да знаеш, без да гледаш.
Различни домови, различни имиња.
А мојот дом е твоето име.
Instagram: @ilieski_quotes