Мојот син се идентификува како мачор! Кога се разболе, го однесов на ветеринар и доживеав срамна ситуација: За она што го поминавме јас и детето, можев да го тужам

Добивај вести на Viber

„Мојот син се идентификува како мачор“, е почетокот на бизарното видео кое кружи на социјалните мрежи во кое една мајка објаснува како нејзиниот син побарал да посети ветеринар наместо општ лекар или педијатар откако се разболел.

Приказната за оваа жена која од TikTok се прошири на сите социјални мрежи и која предизвикува бурни реакции и коментари, започнува со ситуација во која го носи своето болно дете, кое, како што споменавме на почетокот, се идентификува како мачор, на ветеринар. 

Токму тука настанал проблем бидејќи ветеринарот одбил да го прегледа нејзиниот 14-годишен син, што ѝ пречело на оваа мајка, па таа во вирално видео објасни зошто смета дека оваа постапка е нехумана, непрофесионална и дискриминаторска.


„Иако мојот син се идентификува како мачка, не можам да го однесам на ветеринар. Се обидов, но тој ми рече дека бидејќи мојот син има човечка анатомија, не може да го прегледа и да му даде дијагноза. Исто така, не можел легално да го стори тоа“, ја започна приказната таа.

Во продолжение таа објасни зошто смета дека ова е еден вид дискриминација.

„Ако мојот син вели дека е мачор - тогаш тој е мачор. И тие мора да го третираат како мачор", продолжи таа, видно потресена додека го раскажуваше немилиот настан, а потоа додаде дека не сака да го тужи ветеринарот, бидејќи знаела дека тој ќе ја изгуби лиценцата за работа ако го преземал случајот со нејзиниот син.

На крајот, таа посочи дека мора да се подигне свеста кај луѓето за овој проблем бидејќи, како што смета, „децата кои се идентификуваат како животни треба да им се дозволи да одат на ветеринар, бидејќи тоа е единствениот третман што го сакаат“.

„Ова е важна тема и само со разговор за неа можеме да напредуваме. Ако не, децата кои се идентификуваат како мачки ќе мора да продолжат да одат кај вистински лекари, а тоа не е фер“, вели оваа мајка.

Добила многу негативни коментари, а многумина ѝ рекле дека треба да го однесе детето кај професионалец за ментално здравје.

Во следното видео таа објасни дека кога ќе наполни 18 години ќе плати пластична операција за нејзиниот син да изгледа што е можно повеќе на мачор, но засега ќе му дозволи да носи вештачки долги нокти - како што имаат мачките.


Фото: ТикТок - screenshoot

Видео: Инстаграм