Моќта на чоколадното млеко
Освен што е вкусно и обожувано од децата, чоколадното млеко може да биде и здраво и корисно како за децата така и за возрасните. Здравата компонента на чоколадното млеко доаѓа од неговата главна состојка - какаото. А кога станува збор за составот и нутритивните карактеристики, Битолското чоколадно млеко со 10 витамини е вистински хранлив, корисен и вкусен напиток. Од какаото присутно во составот на ова чоколадно млеко, како корисни карактеристики се издвојуваат антиоксидансите, витамините и минералите, што придонесува за подобрување на целокупното здравје и за добросостојбата на организмот. Составот е уште повеќе збогатен со присуството на десетте витамини, суштински и неопходни за секојдневно внесување. Ги содржи витамини А, Д3 и Е, а од групата Б витамините Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9 Б12, коишто се секојдневно потребни и неопходни за детскиот организам во развој, но подеднакви придобивки носат и за возрасните.
Како што здравиот начин на живот е тесно поврзан со балансирана и здрава исхрана, чоколадното млеко може да биде дел од оваа исхрана а е посебно потребно за децата заради нивната постојана физичка активност и трошење енергија, но и за возрасните што практикуваат некако спорт или се физички активни.
Така, консумирањето јаглехидрати после вежбање ги надополнува мускулите со гликогенот што се истрошил за време на тренингот, а пак водата го хидрира организмот. Чоколадното млеко ги содржи и двете неопходни состојки. Бројни истражувачки студии со години наназад ја потенцираат неговата моќ како клучна за опоравување на телото после вежбање или трчање. Тврдењата се дека чоколадното млеко содржи совршен сооднос на јаглени хидрати и протеини што помагаат за побрзо закрепнување по интензивен физички напор. Овој напиток, освен тоа, помага да се дополнат и течностите и електролитите изгубени за време на тренинзите, а содржи и неопходни хранливи материи за организмот како што се калциум и витамин Д.
На тој начин, со она што се јаде и пие после различните спортски тренинзи, се влијае на тоа колку добро се опоравуваат мускули и колку брзо телото ги заменува течностите и електролитите изгубени за време на тренингот. Без разлика дали трчате, пливате, возите велосипед или пак практикувате тренинг со тежини, функционален тренинг, ексцентричен тренинг или спринт и интервален тренинг, квалитетната исхрана е од витално значење за оптимални резултати.
Дневната физичка активност е дел од нашето секојдневие, а со тоа оди и хранење на телото со потребните нутриенси да биде подготвено и да одговори соодветно. Исто така, детската дневна рутина е исполнета со физичка активност што бара снабдување на телото со збогатен состав, засилена нутритивна вредност и изобилство од витамини - неопходни за правилна функција на организмот и сето тоа е содржано во една чаша чоколадно млеко.