Момче со аутизам му пријде на работник во продавница-таткото не очекувал ваква реакција
Момче со аутизам му пришло на вработен во една од најголемите продавници во Австралија. Неговиот татко не можел да замисли како ќе реагира.
Coles е една од најголемите продавници во Австралија, а освен што имаат навистина одлични производи, познати се и по исклучително добрите работници.
Еден купувач сподели како останал воодушевен откако бил сведок на размена меѓу член на персоналот и неговиот син во Coles во Кардинија Лејкс.
Жителот на Викторија, Дејв, објави на Фејсбук многу значајна средба помеѓу неговиот 8-годишен син Тим, кој има аутизам и не може да зборува, и работник од Coles .
Тим му пришол на работникот додека работникот редел бисквити на полицата, а работникот одговорил со вклучување на Тим во процесот на редење ѝ го израдувал момчето со неговиот „неверојатно дарежлив гест“.
Во својата објава, Дејв го пофали вработениот за вложениот труд да се дружи со Тим во овие тешки моменти.
„Сите пофалби за прекрасниот тим и продавниците на Coles ова утро“, напиша Дејв.Вработениот застанал и му покажал што прави
„Кога мојот невербален, аутистичен син му пријде бидејќи беше љубопитен што прави со сите тие бисквити (кои мојот син толку многу ги сака), вработениот застана и му покажа што прави и тие поминаа пет среќни минути ставајќи ги бисквитите заедно на полицата“, додаде Дејв.
„Потоа десет минути подоцна тој вработен нè најде на другиот крај од продавницата и му даде кутија со чоколади бидејќи беше одличен асистент“.
За момчето кое поради моменталната ситуација нема многу можности за социјализација, а кога има потешкотии, оваа мала интеракција и прекрасен гест му го разубавила денот.
„Тој е вистински херој“.
Објавата на Дејв стигна до многу луѓе кои беа трогнати од искуството на Тим.
Едно лице напиша: „Таа насмевка ми го топи срцето“. Ова е прекрасна приказна“.
„Неговото лице кажува сѐ. Ви благодариме, персонал - вие сте многу љубезни и сочувствителни“.
„Тој им даде надеж на многу родители, не само на родителите на ова дете. Оваа приказна допре до срцата на многумина“.
Менаџерот на Coles одговори: „Секогаш бараме начини да им удоволиме на луѓе со различни потреби преку создавање на средина каде што нашите клиенти и персонал ќе се чувствуваат удобно“.
Таткото не очекувал толку голем одзив на неговата објава
Тие додадоа: „Coles беше првиот голем трговец на мало што имаше тивок час што е многу важно за нашите клиенти на кои им е тешко да купуваат во средина со премногу стимул. Ние им помагаме со намалување на бучавата, светлата и другите работи што можат да ги вознемират“.
„Секогаш сме многу среќни кога слушаме дека членовите на нашиот тим создаваат посебни шопинг моменти за нашите клиенти и благодарни сме што родителите одвоија малку време да го пофалат позитивниот гест на нашиот вработен.
Дејв не очекуваше толку голем одзив на неговата објава. Тој напиша: „Малку сум изненаден, да бидам искрен. Само сакав вработениот и неговиот претпоставен да знаат дека тој е многу добра личност“.