Момчето на Весна Змијанац имал афера со оваа водителка: Пејачката ги „фатила на дело“ во лифт, а потоа следел нов шок, тој започнал врска со нејзина колешка
Пејачката Весна
Змијанац отсекогаш важела за жена која е фатална за мажите. Многу мажи се уште
сакаат да ја освојат, но таа е сингл веќе некое време. Последниот
партнер кој го претстави во јавноста беше бизнисменот Жељко Рстиќ, а нивната
врска ја одбележа голем скандал.
- Ме изневеруваше долго време. Вешто ги криеше претходните измами, но во последната јас лично го разоткрив. Го најдов во лифтот на нашата зграда во прегратките на водителка која е попозната по бакханалии на сплавови отколку по деловни ангажмани - изјавила Весна за споменатиот магазин, а потоа медиумите објавија дека се работи за водителката Тамара Стојмиров, со која Жељко се забавуваше неколку месеци по раскинувањето со Весна. Ниту Жељко ниту Тамара никогаш не ја потврдија оваа приказна.
- Знам се за неа, и многу повеќе отколку што мислат сите. Многу луѓе знаат многу за неа, а јас не сакам да ја потенцирам нејзината важност и да и правам реклама - изјавила Змијанац за српските медиуми.
Жељко Рстиќ бил и во емотивна врска со друга фолк пејачка - Злата Петровиќ. Тие раскинале по само десет месеци љубов.
- Ја завршивме нашата врска како и сите нормални луѓе, на цивилизиран начин. Никој не пати за никого и не знам зошто се крена толкава врева околу нашата врска. Оваа приказна заврши. Јас сум остварена и среќна жена, зад себе ги имам моите деца и два брака, а овој пат со Жељко ми беше убаво но никогаш не помислив да се омажам - изјави пејачката по раскинувањето.
Фото:youtube/screenshot