Моника Белучи конечно откри како ја одржува витката линија: Нема да гладувате и ќе останете здрави
Моника Белучи има 57 години и изгледа феноменално
Моника е поддржувач на здрава исхрана, а диетата која ја препорачува не е воопшто ригорозна.
Доколку не сте поддржувач на рестриктивна диета, ова дефинитивно ќе биде вашето идеално мени.
Исто така, сосема е во ред да се продолжи со овој режим по поригорозна диета.
Диетата на Моника изгледа вака:
Ден 1:
Појадок: една шолја кафе, неколку големи крекери со една лажица џем.
Ручек: салата од зеленчук зачинета со маслиново масло, парче леб од цело зрно, 115гр.свежо овошје или бобинки.
Вечера: шпагети плус рендано сирење, какво било овошје и зеленчук.
Втор ден:
Појадок: јогурт, малку овошје.
Ручек: пржени јајца (три белки и една жолчка), задушени тиквички, леб од цело зрно.
Вечера: 120 грама варено месо со мала содржина на масти, салата од свеж зеленчук или овошје.
Трет ден:
Појадок: два тост лепчиња, овошје, шолја чај со парче лимон.
Ручек: варени компири, зачинети со маслиново масло и свежи билки, сирење со малку маснотии.
Вечера: шпагети со зрели домати и зеленило, свежо овошје.
Четврти ден:
Појадок: 200 грама јогурт со малку маснотии со една лажица корнфлекс.
Ручек: педесет грама варен ориз, сто грама варено телешко месо, сто грама задушени тиквички, бобинки.
Вечера: 150 грама варена риба, салата од свеж зеленчук, прелиена со маслиново масло, грозје.
Ден 5:
Појадок: тост и 200 грама свежо цеден сок.
Ручек: Шпагети со свежи билки, неколку парчиња ананас.
Вечера: салата (конзервирана грав, варено јајце, кромид, зеленчук), парче леб од цело зрно, овошје.
Шести и седми ден: повторете го менито од било ден.
Фото: Инстаграм - Моника Белучи