„Монотонијата го убива бракот, за среќа треба секој од партнерите засебно да се чувствува исполнето“: Мијата прослави годишнина од брак

Добивај вести на Viber

„Добриот брак е оној што дозволува раст и промена на партнерите, но и на начинот на којшто ја изразуваат љубовта“, рекол Перл Бак.

Во еден таков хармоничен брак, со две прекрасни дечиња е пејачката Наташа Крстевска - Мијата со нејзиниот сопруг Златко.

Прот прослави 17 години заеднича љубов и живот. Одбележувањето на годишнината го прославиле во локал заедно со нивните две деца, синот Клаин и ќерката Никита.

View this post on Instagram

A post shared by MIYATTA (@miyatta_of_macedonia)

„Господин и Госпоѓа - 17 години и понатаму... Семејство Крстевски“, напиша Мијата на семејната фотографија.

„Монотонијата е таа која го убива бракот“, изјави Мијата во интервју за Женски магазин.

„Затоа најважно во една брачна врска е да се остави простор за секој од партнерите да расте и да се развива во која насока сака. Ние не сме истите луѓе од пред дваесетина години, и со личната еволуција само носиме нова содржина во бракот. Ако се заседне човек во некоја одредена фаза може и на партнерот да му се досади. За среќен брак треба секој од партнерите засебно да се чувствува среќно и исполнето“, изјави Мијата.

Очигледно оваа формула Мијата и Златко успешно ја спроведуваат веќе 17 години.

Фото: Инстаграм
РЖМ

„Се родив, на 40 дена ме донесоа во Долно Дупени, и после со години, не знаев за друго место за летување“: Интервју со Мијата