Morion – ново место во центарот на градот за љубителите на луксузниот накит

Добивај вести на Viber

На 03.05.2018 на ул. Никола Вапцаров бр.2 се отвори првиот салон за луксузен накит на Балканот и во Европа од брендот Morion.

Со сечење на црвена лента свечено беше започнато отворањето, каде присуствуваа голем број на луѓе, како и гости од Украина. Уживајќи во пријатната музика, сите се воодушевуваа на престижните, уникатни парчиња. На црвениот тепих зачекорија неколку девојки кои гордо го демонстрираа моќниот изглед кој го овозможува овој накит.

Прекрасниот накит навистина остава без здив, а природните украински драгоцени камења прават да посакате секое парче веднаш да биде ваше. Сите дами кои се љубители на злато и сребро тука можат да го најдат идеалниот накит, кој ќе направи да бидат уникатни и забележани. Прстените, ланчињата, обетките... секое парче е уникатно, посебно дизајнирано и украсено со скапоцени камења, меѓу кои највеќе преовладуваат камењата морион, топаз, берил, аметист и сафир. Morion нуди можност и за специјално дизајнирање на накит, според барањата и желбите на клиентите.

Тоа што овој бренд го прави посебен се познатите украински камења, кои не можат да се најдат на ниту едно друго место на светот. Во минатото ги носеле само кралевите, а денеска и вие имате можност да се чувствувате како дел од раскошот на Украина.