Може да ставите хијалурон и силикон, ништо не помага: Оваа актерка е опседната со девојки кои одат под нож, а еве што вели за убавината
Не ретко девојките се подложуваат на естетски интервенции,
за да се ослободат од своите „неправилности“, но и да испеглаат некои брчки.
Таков е случајот со познатите личности, но иако тоа стана своевиден тренд,
некои од познати дами решија да не одат кај пластичните хирурзи.
Сепак, вистинска врева во медиумите предизвика актерката Тања Бошковиќ која жестоко ги осуди естетските интервенции и откри дека е горда на своите брчки, и дека нема да дозволи да изгледа како хот-дог.
Актерката Олга Одановиќ јавно ја поддржа својата колешка ѝ потврди дека нејзиниот природен изглед е на прво место. Олга истакна дека не му придава големо значење на физичкиот изглед и дека тоа го смета за неважно, како и дека секој може да прави естетски корекции, но дека не може да се промени себеси:
- Секој збор на Тања е златен. Апсолутно се согласувам со неа и сум некој кој е толку против сето тоа што не можам да го објаснам. Па што се обидуваш да си направиш, нешто што не си? Стануваш некој друг, зошто? Заслужуваш една брчка, седа коса, да бидеш малку подебел ако треба. Јас никогаш не би го направила тоа.
Инаку јас сум човек кој апсолутно не го интересира да се дотерува, да се шминка, да носи кармин... тоа не ме интересира. Ова се некои работи кои се површни. Драги мои девојки, можете да ставите и хијалурон и силикони, ништо не помага. Главата секогаш ти останува – рече таа.
Легендарната актерка ја допре познатата реплика „Во мое време“ и откри колку се променило растењето од кога била млада.
- За жал, тоа е веројатно недостаток денес. За мене тоа е на прво место. Мислам дека скромните луѓе живеат помирно. Сите овие други работи кои ве прават немирни како технологијата, социјалните мрежи создаваат отуѓеност... Многу ми е драго што немам Инстаграм, Фејсбук... Јас го живеам мојот живот. Некаде заглавив во време кога тоа го немаше и не сум несреќна поради тоа, токму спротивното.
Незамисливо ми е се‘ да стане виртуелно, деца да се на телефон по цел ден, да нема жив разговор. Најмногу мразам да кажам: „Во мое време...“ Моето време беше многу одамна, пред четириесет и повеќе години, кога бев млада, но беше поинаку, потопло и поискрено, луѓето навистина сакаа, а сега јас почнувам да се сомневам во сè.
Што се однесува до сомнежите за човечката љубов. Некако околината се обидува да ве промени. Сега прашањето е колку сте силни и подготвени да се борите. Се зависи од личноста – објасни Олга.
Фото: Youtube - screenshoot
Извор: курир