Мрачната тајна на Тина Тарнер: Деталите од односот на рокенрол кралицата и нејзиниот син никој не ги знаеше со години

Светската јавност ја потресе веста за смртта на кралицата на рокенролот!

Веста дека синот на Тина Тарнер, Рејмонд Крег Тарнер се самоубил на 59-годишна возраст беше дочекана со неверување, а потоа сите помислија на познатата мајка која ја доби лошата вест во Берлин и се запрашаа каков е нивниот однос сите овие години, за што ретко се пишуваше. Рејмонд беше пронајден мртов во неговиот стан во Студио Сити, Калифорнија, а наодите од обдукцијата покажаа дека тој се застрелал во главата со сачмарка. Се уште не се познати причините за самоубиството.

Чудна врска помеѓу Тина и нејзините синови

Тина Тарнер го роди Рејмонд во врска со саксофонистот Рејмонд Хил. Имала 18 години кога станала мајка. По распадот на врската со Хил се омажила за Ајк Тарнер кој го посвоил Крег. Музичката ѕвезда потоа доби дете со Ајк, синот Рони, а се грижеше и за Мајкл и Ајк Јуниор, неговите деца од претходниот брак.

Во бракот со Тарнер доживеала физичка и психичка тортура. Насилството траело додека еден ден со неколку центи во џеб не решила да го остави. Станала светска музичка икона. Се пишуваше за нејзините музички успеси, извонреден талент, енергија, изглед, уникатност. А за децата? Тина ја оставила настрана улогата на мајка во јавноста, ретко зборувала за Крег и другите синови, па дури и во тие ретки прилики би нагласила дека тие самите треба да се борат за живот. Некои ги разбираа тие нејзини зборови, некои ги осудија.


Во исто време од сите страни доаѓаа приказни дека Рејмонд со години се борел со зависноста од дрога и дека поради таа зависност бил во судир со законот. Многу забележана беше исповедта на Афида Тарнер,  сопругата на Рони Тарнер, која ја обвини Тинадека го напуштила синот и дека не сака да му помогне фнансиски и покрај тешката ситуација во која се наоѓаше неговото семејство – тој, неговата сопруга и нивните четири деца. Уште посилно одекна исповедта на Ајк Тарнер Јуниор кој пред само неколку месеци изјави:

„Тина се грижеше за мене од мојата двегодишна возраст. Таа е единствената мајка што ја познавам, но не се слушнав со неа од кога не се сеќавам, веројатно од 2000 година. Мислам дека и моите браќа не се слушнале. Ајк Јуниор во таа прилика истакна дека неговите браќа се добро, дека одвреме-навреме се гледа со Рони, дека Крег се занимава со недвижен имот и дека Мајкл успешно се справувал со здравствените проблеми.

На прашањето дали Тина се слуша со Мајкл, тој одговорил:

„Не. Таа само му праќа пари, тоа е сè што прави“.

Највпечатлива беше неговата изјава во која се осврна и на бракот на Тина со Ервин Бах:

„Мајка ми сега има свој живот, има нов сопруг и живее во Европа. Таа не сака да има ништо што е поврзано со нејзиното минато.

Тина била „несакано дете“

А, минатото на Тина, покрај тортурата што и ја правеше Ајк, го одбележа и многу тешкото детство - семејното насилство на кое беше изложена нејзината мајка и разводот на нејзините родители, што беше пресилен удар за пејачката.

“Се чувствував како несакано дете. Мислев дека мајка ми не ме сака, а кога се соочив со неа и ја прашав дали е тоа вистина, таа ми ја раскажа целата приказна. Кога се родив се чувствувала заробена во стапицата на татко ми од која не можеше да побегне. Не ја обвинував, туку се сожалував себеси“, изјавила Тина и објаснила како љубовта со првото момче Хари Тејлор и верата и помогнале да се справи со неволјите:

„Знаете што често се случува со децата чии родители се развеле - сите се сурови кон нив на училиште. Ме задеваа, а тоа влијаеше на моите студии. Сепак, успеав да се справам со тоа и конечно се заљубив. Зошто мојата љубов беше толку силна? Без доволно љубов во семејството, во моментот кога ќе се заљубите, сите тие чувства излегуваат на површина“.

На површина излегоа ужасни детали за врската меѓу Тина и нејзините синови, а сепак, се уште многу се крие од јавноста. Се наметнуваат многу прашања, како ова: „Дали Тина сиве овие години бега од своите деца затоа што сака да избега од болката со која веќе не може да се бори?“ Едно е сигурно, во приказната за неа и нејзините деца, сите се жртва и сите се повредени. „Виновниците“ се на некој друга страна.



Извор: zena.blic.rs

FOTO: Instagram