Мразам да си играм со ќерка ми: Искреноста на оваа мајка ќе ве подзамисли

Со својата искрена објава мајката на ќерката единица многумина воодушеви, но имаше и такви кои и замерија што не сака да си игра со малечката, па и рекоа дека ќе жали за деновите кога ќерка ѝ сакала да си игра со неа.

Корисничката на ТикТок, Лин Мари, на видео објавено на таа социјална мрежа призна дека мрази да си игра со нејзината ќерка.

- Синоќа ќерка ми ме замоли да си играм со неа, и јас го мразам тоа. Ќе ја носам на прошетка или ќе одиме некаде да правиме нешто, но не сакам да си играм со нејзините барбики. Но, ми беше жал затоа што таа ми е единственото дете, па затоа се согласив. Успеав. Со половина срце седнав со неа и играв со барбиките 10 минути. Не беше страшно. Кога се разбуди следното утро и се подготвуваше за на училиште, беше одлично расположена и ме праша дали повторно ќе си играм со неа. Си помислив, ‘неееееее’, но кога ми рече колку многу се забавувала додека синоќа игравме со барбиките, срцето ми се скрши. Ако толку многу и значеше мојот рамнодушен обид да играм со неа, дефинитивно можам да го сторам тоа повторно. Значи, не знам, ако децата ве замолат да си играте со нив, одвојте пет минути и направете го тоа - рече таа во видеото, кое досега е прегледано повеќе од милион пати.

@backbreaker_lynn

Parenting is hard, even when it’s easy. The little things really are the big things. Who knew?! #momsoftiktok #parenting #10minutes

original sound - Lynn Marie

Многумина ја пофалија нејзината искреност и и се заблагодарија.

- Требаше да го слушнам ова. Исто така, не сум баш за играта, но секогаш сум за некои излегувања или за некои активности - напишала една мајка во коментар.

Сепак, на некои не им се допадна тоа што Лин имала да го каже, пишува Мирор.

Некои коментираа дека детето не барала да се роди и дека е родителска обврска да бидат друштво на малите, а некои се прашуваат како Лин не разбира како се чувствува нејзината ќерка особено кога си игра со нејзината мајка.

„Ќе дојде денот кога вашата ќерка ќе престане да прашува да поминува време со вас, а вие ќе го сакате тоа повеќе од што било“, ја предупредил еден од нејзините придружници.


Извор: Мирор.ком.ук.

Фото: принтскрин/видео тикток

Приказна на родилка која ќе ве скрши: Докторе, маж ми работи, не пие, имаме леб секој ден, не се жалам