Му пречи што немам време да ги измијам садовите, да ја средам куќата и себеси: Кога бебето ќе заспие, се заклучувам во бањата и врескам
Кога Бриџит станала мајка за прв пат, се соочила со сите
обврски кои требала да ги преземе за да го израдува бебето, се запоставила до
тој степен што станала несреќна жена.
Пред неколку месеци младата жена го родила своето прво дете. Со тој клучен момент, нејзиниот живот драматично се променил. Отпрвин, таа била исполнета со среќа, но како што поминувале деновите, таа се повеќе се соочувала со суровата реалност на мајчинството и животот дома. Без никаква помош во грижата за детето, таа почнала се‘ повеќе да го чувствува товарот што го носи.
Бриџит Ен на Фејсбук објави фотографија со солзи со коментар: „Сите мислат дека е лесно да се биде домаќинка и мајка на неколкумесечно бебе, дека сме среќни што не мора да работиме на пазарот на труд. Мрзливи сме и немаме вистинска работа. Луѓето не‘ потценуваат и не знаат како изгледа еден од нашите денови“.
Нејзиниот сопруг наместо да ја поддржува, почнал да ја критикува, ја прекорувал дека не е вработена, дека е финансиски зависна од него и ја нарекувал безделник. Ваквите коментари само го зголемиле нејзиното чувство на изолација и преплавување.
„Вистината е дека сум осамена и преоптоварена“, напиша таа на својот Фејсбук профил, изразувајќи болка и фрустрација кои се наталожувале со месеци.
„Со текот на времето сфатив дека не можам да се потпрам на никого и дека морам се‘ да правам сама – немам време да одам во тоалет, да пијам утринско кафе, да појадувам... Косата ми е секогаш фатена во опавче, немам време да се измијам, ниту да си ги избричам нозете. Започна тоа да ми го нагласува на глас и сопругот, дека му смета и дека не сака да живее со несредена жена. Се чувствувам лошо и запуштено, но не можам да направам ништо бидејќи моето бебе едвај спие. Навечер сакам само да отспијам неколку часа, но тоа е невозможно бидејќи бебето вреска кога не го нишам во раце, се обидувам да смислам начини да го забавувам детето по 12 часа дневно, а потоа маж ми ме навредува дека сум мрзелива“.
Додала и дека поради детето ја изгубила личноста, бидејќи сега апсолутно се‘ се вртело околу него.
Оваа млада мајка, која пред неколку месеци живеела сосема поинаков живот, сега се чувствувала како да ја изгубила сопствената личност. Сè се вртело околу детето, нејзиниот секој момент, секоја мисла. Таа со љубомора ги гледала вработените мајки, замислувајќи колку би била среќна да има само еден разговор со возрасен, без постојаните прекини и барања на детето.
„Понекогаш се заклучувам во бањата и врескам во крпата додека плачам затоа што ми треба секунда да здив, а потоа детето ми удира на вратата за да влезе“, отворено признала таа, опишувајќи ги моментите на целосна исцрпеност.
Во еден момент од животот, таа можеби им судела на жените кои избрале да бидат домаќинки, но сега целосно ја сфатила нивната борба. Сите што и ветувале помош исчезнале, а таа останала сама, оставена на сопствените мисли и сè ја терало да се чувствува неуспешно и нестабилно.
„Мојата куќа не е чиста, облеката не ми е чиста, садовите не се измиени. Денеска се затворив во бањата и врескав, плачев и се чувствував толку проклето виновна што нема да станам грижлива мајка и атрактивна сопруга во исто време“, напиша таа во момент на очај. На крајот апелираше сите да се сеќаваат на другите жени како неа, да им пружат поддршка и сочувство, бидејќи можеби нема кој да ги утеши, а можеби и не им е добро.
Фото: freepik