MyIute е една од најпопуларните мобилни апликации во Македонија со 25.000 преземања

Добивај вести на Viber

Мобилната апликација MyIute која беше лансирана во април 2021 година од страна на ИутеКредит Македонија достигна 25.000 преземања на Google Play и App Store!

Твоите финансии на дланка или со еден збор MyIute е синонимот кој голем број корисници денес го поврзуваат со брза, навремена и вистински дигитализирана услуга во секој момент кога им се потребни финансиски средства.

Мобилната апликација на ИутеКредит која беше лансирана во април 2021 година деновиве го достигна својот 25.000-ти корисник што е уште една потврда дека македонците се подготвени за новите дигитални трендови кои ги диктира финтек индустријата.

Со MyIute, на корисниците им овозможивме брзо и лесно аплицирање за кредит, прикачување на сите потребни документи онлајн и потпишување на договорот преку апликација.

Дополнително, тие имаат увид во состојбата на својот кредит 24/7, можат да ги плаќаат ратите онлајн и да добиваат персонализирани понуди од ИутеКредит и компаниите во партнерската мрежа.

Секој што аплицира преку мобилната апликациja MyIute добива и -10% попуст на трошоци за одобрување на кредитот.

Ни претставува задоволство што создадовме иновативна алатка која е прифатена од страна на нашите клиенти, и голем дел од нив, дури 70% својот договор за кредит го потпишуваат електронски преку MyIute.

Во моментов MyIute е прворангирана апликација за финансии на Google Play во Македонија.

Пр објава