„На 18 години добив син, сопругот ме изневеруваше со келнерка“: Шокантни детали од животот на Зорица Марковиќ - „Татко ми впери пиштол...“

Добивај вести на Viber

Пејачката Зорица Марковиќ важи за личност која нема влакна на јазикот, а пцовките се незаменливи во нејзиниот секојдневен говор. Иако на прв поглед изгледа ладно и дека ништо не може да ја вознемири, позади тој „гард“ тоа се крие нејзината тешка судбина.

- Се омажив на 17 години, а имав 18 години го родив синот Дејан. Јас и Милан останавме во брак пет години. Тој беше првиот човек во мојот живот. Јас навистина го сакав, а тој ме изневеруваше со келнерки и колешки. Еднаш го фатив како ме изневерува - изјави пејачката еднаш за српските медиуми.

- Во кујната на ресторанот каде што пеевме, го најдов со келнерката. Ја фрлив хармониката по него, копчињата се разлетаа на сите страни. Поднесов барање за развод и го оставив. Му дадов сè што имав на мојот прв сопруг само за тој да си замине од мојот живот.

-По разводот отидов кај моите родители, татко ми не сакаше ни да ме погледне. Ја впери ловечката пушка во мене преку рамото на мајка ми. Брат Милан ме бранеше. Застана пред тато и рече: Пукај ме, само не ја допирај. Можеби ќе пукаше ако брат ми не застанеше пред мене. Го посрамотив бидејќи бев првата жена во семејството што се разведе. Мајка ми и браќата ме разбраа, но татко ми не. Тој беше строг. Донекаде го разбрав бидејќи за многу работи беше во право. Неколку години подоцна сите се шегувавме со таа ситуација - низ насмевка изјави Марковиќ.

Се омажила по втор пат, но и тој брак бил краткотраен.

- Тој беше успешен менаџер, а јас ѕвезда во подем. Беше многу убав и шармантен. Каде и да излезеше тој и покојниот Шабан Шаулиќ, се собираа „рибите“. Вистински снобови. За време на војната во 90-тите, пречекав 48 членови од неговото семејство и ги сместив кај нас. Додека јас им помагав, тој пушеше томпус, носеше костуми, пиеше виски...- ја продолжи својата приказна фолкерката, и се присети на уште еден болен момент.

- Носев братски близнаци, изгубив едно... Тоа е неопислива болка. Јас и Илија преживеавме, другото момче не. Многу ми беше тешко - додде Зорица, а потоа ја раскажа ситуацијата во која го нашла и вториот сопруг со љубовницата.

- Го чукнав по рамото и прашав: Знаеш ли дека имаме мало дете дома? А таа, веројатно пијана, ми одговара: Па што е важно, нека спие детето. Ѝ реков: Епа м*ма ти е*ам, сега ќе ти спиеш! Го дофатив к*вата и ја фрлив преку оградата во водата. Не знаев дали знае да плива, можев да одам во затвор затоа што сум будала - откри Марковиќ.

-Некој од обезбедувањето ја спасил, скокнал во водата за да ја извлече. Во принцип, таа не е виновна за ништо, но требаше да молчи. Тогаш почнав да ги разбирам луѓето кога прават некои с*ања затоа што не можат да се контролираат. За среќа, се заврши добро. Таа преживеа а јас си отидов дома. Следниот ден повикав адвокат и поднесов барање за развод.

- Не се омажив повеќе. Не сакам моите деца да паметат никого освен нивните татковци. Секогаш им кажував се најдобро за нивните татковци. Моите синови израснаа во прекрасни и добри луѓе, кои ги почитуваат жените. Дејан е оженет, а Илија би требало, но, се уште бира. А, кого да избере кога се е лудо?! , изјави Зорица.

Фото:youtube/screenshot