На 45 години изгледаат како да имаат 25: Арапските жени се колнат дека овој рецепт им носи виталност и младост

Добивај вести на Viber

 Foto: Profimedia

На Исток народната медицина се пренесува од колено на колено и е високо ценета

Овој „еликсир“ се зема два пати годишно, а делува така што, според верувањето на арапските жени, целосно го подмладува телото.

За да го направите овој еликсир ви треба:

100 ml сок од лимон; 200 грама мед; 50 мл маслиново масло.

Подготовка: 

Измешајте ги сите состојки и земајте по една кафена лажичка три пати на ден на празен стомак. Значи, 15 до 20 минути пред оброк.

Откако ќе ја изедете целата смеса, направете пауза од половина година.

Маслиновото масло има извонредно влијание врз човечкото тело и е корисно за здравјето. Низ историјата и до денес, се користи за лекување на изгореници, нега на кожата, па дури и за чистење на телото. Ефективноста на маслиновото масло не е само површна и може да ви помогне во борбата против постојаните воспаленија на цревата и желудникот, бактериите и габите (одличен борец против кандида).

Редовното консумирање сок од лимон ќе помогне во одбраната на телото, ќе го алкализира телото, ќе го подмлади и прочисти. Лимонот исто така ги неутрализира слободните радикали, ја подобрува меморијата и ја чисти кожата, давајќи и тон и подмладување.

Сите облици на мед природно содржат хранливи материи и ензими, кои имаат голем број здравствени придобивки и медицинска употреба. Всушност, медот низ историјата се користел како народен лек за добро здравје, имунитет и многу состојби.

За време на полугодишната пауза, секој ден пијте чај од ѓумбир:

Половина лажичка рендан ѓумбир прелијте со 200 мл зовриена вода. Додадете малку сок од лимон, по вкус. Никогаш не додавајте мед или шеќер во овој чај. Откако ќе се навикнете на јачината на вкусот, зголемете ја количината на ѓумбир на цела кафена лажичка кога правите чај.