Животна училница // Приказни
На 69 години работи на пазар осум часа за само 200 денари: Дуото ДНК во хумана мисија за Биљана Блажевска
Откако деновиве на социјалните мрежи се споделуваше за тешките услови во кои живее Биљана Блажевска, дуото ДНК, Панчо и Андреј повторно ја покажаа нивната хуманост на дело.
Тие веднаш ѝ се јавиле и ја посетиле од каде што објавија и фотографи. Биљана има два сина кои имаат здравствени проблеми, а таа работи на пазарче по осум часа за 200 денари.
„По денешната објавена приказна на социјалните мрежи, исконтактиравме и ја посетивме госпоѓата Биљана Блажевска во нејзиниот трошен дом. Прекрасна и многу храбра жена со која судбината сакала да си поигра. Накратко сакаме да ви ги пренесеме нејзините зборови кои верувам дека нема да ве остават рамнодушни. На свои 69 години (ШЕЕСЕТ И ДЕВЕТ) работи на пазар од 08 до 16ч за само 200ден., нема дрва за огрев, и требаат врати, враќа долгови на извршители и на луѓе од кои позајмувала, се мачи со нејзините два сина од кои едниот е срцев болесник (додека бевме ние таму спиеше) и е работо неспособен, додека другиот има проблем со видот. Нема скоро никакви услови за живот и се греат само во просторијата каде што ја направивме фотографијата за да ви го доловиме нивниот дом. И треба и шпорет бидејќи и е многу стар и најмногу храна како што кажа тетка Биљана. Ве замолуваме од срце сите оние кои можете да и помогнете на секаков начин, а упатуваме апел до сите надлежни институции и до градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, да ја посети и да пробаат да изнајдат подолгорочно решение. Ние дониравме парични средства во доменот на нашите можности но верувам дека секоја помош и те како им е добредојдена.
Да помогнеме сите заедно бидејќи заедно сме посилни, а не заборавајте дека сите сме исти! За секој, вид било каква донација контактирајте ја директно тетка Биљана на овој број: 076 / 23 70 60“ - апелираат ДНК.
Доколку сте во можност донирајте и вие!
фото: instagram